18 Декември, 2025
0.0455

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

Објавено во: Македонија 21 Април, 2018 17:10

Добивај вести на Viber

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на семејствата на терористите дојдени од Косово во Диво Насеље им додели финансиска помош, а косовските правосудни органи одлучија да не и ги екстрадираат на Македонија Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотна казна затвор за масакрот кај Смилковско езеро, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Зоран Заев на семејствата на брутално егзекутираните момчиња на Велики четврток им ја вети вистината, а сега ги крие информациите со кого од неговата коалиција контактирале убијците. Заев додека го дегустираше своето вино во опуштена атмосфера со Харадинај, ниту еднаш не помисли на семејствата на жртвите од случајот Монструм и не се обиде да го искористи својот авторитет кај неговиот колега Харадинај за екстрадиција на убијците во бегство Демири и Исмаиловиќ. Заев продолжува со нечовечкото однесување и поигрување со судбините на семејствата на свирепо убиените деца кај Смилковското езеро. Со месеци и тој бесрамно ги лажеше и манипулираше семејствата на жртвите на масакарот. СДСМ и Зоран Заев го искористија на најсрамен начин за собирање на политички поени овој грозоморен настан. Пред изборите ги лажеше родителите на убиените како и целата македонска јавноста дека ќе ја соопшти вистината за Смилковското езеро. Сега кога седна во премиерската фотелја Заев ги заборави своите ветувања. Сега тој срамно ја крие вистината, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Зоран Заев мора да запре со прикривањето на докази и  да се тргне од патот на правдата.

- Единствено нешто што се промени  со случајот „Монструм“ откако Заев е премиер е тоа што обвинетите се најдоа на слобода токму како што предвидуваше тиранската платформа. Власта сите лаги и манипулации на СДСМ и Заев, очајнички се обидува да ги прикрие со нови лаги и монтирани обвиненија против оние кои први предупредија кое е вистинското негово лице. Уставобранителите кои се обидоа да ги заштитат македонските национални интереси и први застанаа против Тиранската платформа и антидржавните политики на СДСМ и Заев први се најдоа на мета на оваа власт. Патриотите кои застана во одбрана на државата мора да бидат ослободени. Додека вистински терористи се наоѓаат на слобода, уметници, глумци и интелектуалци само поради својата љубов кон татковината се наоѓаат во притвор. Обвинителството мора да почне да се бави со гонење на вистинските криминалци и да го разреши случајот ,,Монструм’’. Судот мора да се ослободи од стегите на власта, а судиите да најдат доблест наместо политика да спроведуваат правда. Заев мора да си замине од власт за да профункционира правдата, се наведува во партиското соопштение.


Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција