19 Декември, 2025
0.0397

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба што е можно поскоро да ја отфрли Тиранската платформа

Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 10:07

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лидерот на СДСМ,  Зоран Заев не собра храброст да се огради и да ја отфрли Тиранската платформа.

Велат дека загриженоста и револтот на граѓаните расте токму заради неискреноста на Заев. Затоа сметаат дека  Заев треба што е можно поскоро да ја отфрли Тиранската платформа и да се откаже од реализација на елементите содржани во неа.

„ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува Зоран Заев уште еднаш да се откаже од уцената. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од Тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните каде граѓаните ќе може демократски да изберат програма,платформа, вклучително и онаа од Тирана, доколку во неа верува Зоран Заев“ - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека без срам според нив, кримининогениот СДСМ отиде до таа крајност велејќи дека ќе дебатираат по прашања кои се од национален и државен интерес, консултирајќи партиски експерти од потписниците на Тиранската платформа. 

„Дебатата започна да се реализира на дело. Питер Ванхауте откривајќи ги намерите на аболицираниот Зоран Заев отвори дебата за федерализација на Република Македонија. За оваа скандалозна изјава на Питер Ванхауте, криминогениот СДСМ молчи, како што молчи и за шокантните изјави на албанската пратеничка Месила Дота, која директно се закани на аболицираниот Зоран Заев дека ако тој отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида. Молчат и кога Зијадин Села, го негираше македонскиот идентитет, велејќи дека пред 100 години Македонци не постоеле на овие простори“ - објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Молчат и за скандалозната изјава на Трифун Костовски во која јасно и гласно вели да им се одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и да се борат во заштита на највисоките државни и национални интереси“ - додаваа од ВМРО-ДПМНЕ. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки