МИЈАЛКОВ НА ТАПЕТ: Неговата партија закажа седница на ЦК
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018 12:14
Членови на ВМРО-ДПМНЕ во социјалните мрежи објавија "различни" сценарија кои може да се случат вечерва откако партијата закажа седница на Централниот комитет вечерва во 19:00 часот. Мислењата укажуваат дека постои голем јаз меѓу членството и главната дебата ќе се фокусира на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, братучед на поранешниот премиер, Никола Груевски, пренесе порталб.мк.
Според една варијанта, партијата треба да го исклучи од членство Сашо Мијалков, а според други, ќе се бара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Во редовите кои го штитат Мицкоски, Мијалков е идентификуван како главен „виновник“ за гласање на предлогот за покренување на постапка за уставни амандмани и дека "тој директно влијаел на опозициските пратеници да гласаат во Собранието на штета на Македонија".
Има и незадоволни кои тврдат дека "гласањето во Собранието се должи на фактот дека Мицкоски не успеа да ја земе под контрола и да расчисти сдо криминалните структури во партијата и дека тој дозволил таа да биде предводена од Груевски, Мијалков и Мартин Протоѓер ".
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




