Нови 40 тони канцерогено српско брашно за малку ќе влезеа во Македонија!
Објавено во: Агробизнис
23 Јануари, 2013
Добивај вести на Viber
На еден од граничните премини е стопирана нова пратка од околу 40 тони српско пченкарно брашно со присуство на канцерогената материја афлатоксин, дознава Фактор. Од пченкарното брашно во двата шлепера од Србија, откако биле земени примероци се утврдило присуство на афлатоксин над дозволените граници. За среќа ниту грам од овие 40 тони канцерогено пченкарно брашно не завршиле во промет, а количествата ќе бидат вратени или уништени. Извори за Фактор велат дека извозот бил од една од српските фирми која што и лани во декември испорача пченкарно брашно со присуство на афлатоксин.
Инаку на граничните премини сеуште важи забраната за пуштање на пратки со пченкарно брашно.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека контролите на граничните премини ќе продолжат се додека Србија има залихи од годинешната реколта од пченка, во која што беше утврдено присуство на оваа канецерогена материја.Засега сеуште не се откриваат имињата ниту на фирмите извозници ниту пак на домашните увозници. Единствено е познато дека се работи за три српски фирми,чии што производи се пласираат на македонскиот пазар.
Инаку во декемрви минатата година во земјава исто така влегоа 40 тони увозно српско пченкарно брашно кај кои беше утврдено присуството на афлатоксинот. Од нив само 10 тони беа пуштени во промет,од кои 8 тони се повлекоа, но околу 2 тона канцерогено пченкарно брашно веќе заврши на трпезите. Дел од ова брашно се продавало и на полиците во поголемите маркети низ Македонија.
Aнализите покажаа дека афлатоксинот е присутен само кај пченкарното брашно, негативни беа анализите кај примероците од палента ,гриз и смоки.
Ј.Ј.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.