30 Септември, 2024
0.0270

Внимавајте, ако при земјотресите ви напукнал оџакот, може да дојде до пожар

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Доколку во серијата земјотреси кои ја зафатија Македонија ви напукнал оџакот, тоа може да предизвика пожар.

За таа цел, оџачарите советуваат или сами да проверите дали има пукнатини, или да повикате стручно лице. Оџачарот Гоце Скепароски објаснува дека ако не веднаш, последиците од напукнувањата на оџакот може да направат проблем дури идната грејна сезона. Оџаците обично при земјотрес пукаат хоризонтално, а со формирање на саѓе внатре, лесно може да дојде до запалување.

„Во земјотресите кои се случија, буквално се тресеше цела куќа, така што постои ризик да дошло до пукање на оџаците и тоа во иднина да предизвика запалување. Има голема опасност и затоа луѓето треба да си направат проверка. Дали ќе дојде до пожар, зависи од тоа дали е чистен оџакот, колку често се чисти, и штетни последици од напукнувањето може да има идната грејна сезона, или по 2-3 години. Кај нас многу домаќинства се греат на дрва, затоа што тоа за нив е поевтино, и при тоа има една група луѓе која редовно чисти оџаци, но има и такви кои 14 -15 години не ги исчистиле оџаците на домовите. Барем еднаш годишно треба да се чисти оџакот. Имало и случаи кога дошло до пукање на оџакот и запалување, е сега дали е од земјотрес или некоја друга појава, не знаеме. Ако оџакот е полн со саѓе, една искра е доволна за се запали“, вели Скепароски.

Недела дена земјава ја тресат земјотреси. Тие беа со епицентар на македонско – грчката граница, односно во околината на Лерин или близу Битола. Во неколку наврати се тресеше и Скопје. Еден од земјотресите беше со јачина од над 5 степени, при што се урнаа оџаци, балкони, ѕидови од стари куќи. Него го почувстуваа жителите  на повеќе македонски градови. Во меѓувреме, граѓаните на Битола и Ресен пријавуваат материјални штети во општините. Синоќа слаб земјотрес имаше близу Битола. 

Сања Атанасовска

foto unsplash.com

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација