ВНИМАВАЈТЕ: Циклонот Глорија носи обилни дождови
Објавено во: Македонија 14 Август, 2018
Во следните 48 часа циклонот Глорија ќе условува многу нестабилно време над нашата територијам па така времето ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави метеорологот Славчо Попоски.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
„Денес (втоник) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда) повеќе услови за вакви појави ќе има во северната и во источната половина на државава додека утре (среда) особено доцна попладне и навечер во југозападните и западните предели од државава. Во текот на следните 48 часа локално особено во источната, северната како и во западната половина од државава се очекува да наврне значително количество на воден талог (над 20, 30 л/м2) па токму поради тоа добро е да се предупреди на локални поројни поплави“- додава Попоски.Во случај на појава на електрични празнења и силен ветер на граѓаните ги советуваме да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и да внимаваат каде се движат во случај на појава на силен ветер и каде ги ставаат своите автомобили (односно истите да не бидат во близина на дрвја).