ВНИМАВАЈТЕ: Eве каква грешка правите при употреба на заштитна маска
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Јуни, 2020
Деновиве е актуелно истражувањето кое го направиле научниците од универзитетот во Хонгконг, а кое покажува дека употребата на маски во голема мера го намалува ширењето на коронавирусот.
Тие поставиле кафез со хрчаци кои претходно биле заразени со коронавирус, покрај кафез со здрави глодари. Помеѓу двата кафези биле поставени хируршки маски, при што воздухот циркулирал од кафезот во кои биле сместени болните животни кон кафезот во кои биле здравите хрчаци.
Резултатите покажале дека преносот на вирусот бил намален за повеќе од 60 отсто кога маските биле на место.
Додека трае пандемијата на коронавирусот, низ улиците може да се забележат многу граѓани кои со заштитната маска ја покриле само устата, но не и носот.
Од Институтот за јавно здравје велат дека ако сакаме да се заштитиме од опасниот вирус, мора да обрнеме внимание на правилната употреба на маската.
„Постојат правила за носење на заштитни маски на лицето, со цел заштита од голем број заболувања, пред сѐ распираторни, меѓу кои и Ковид – 19 заболувањето. Едно од правилата е дека маската мора да ги покрива носот и устата за да има заштитна улога. На овој начин се превенира ширењето на респираторните секрети, кои ги исфрлаат заразените лица преку кивање, кашлање, викање, и слично и заразување на други луѓе. Маската може да го заштити и лицето кое ја носи од вдишување на причинители на заразни заболувања, кои се исфрлаат во воздухот од страна на инфицираните лица“, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.
Маските задолжително мора да се носат, во спротивно следи парична казна, за што секој ден полицијата информира за лица кои не ја почитувале оваа мерка и се санкционирани. Последниве денови имаше од 600 до 700 луѓе кои се затекнати без маски.
Светската здравствена организација (СЗО) на почетокот на месецот повика граѓаните да носат маски од ткаенина за да се спречи преносот на вирусот.
Во Македонија месецов повторно имаме висок број на нови заразени. Од Ковид -19 досега во државата се инфицирале скоро 4.500 луѓе, а починаа над 210 луѓе.
Најголем дел од починатите се на возраст над 60 години.
Сега жариштето е во Скопје, а во Ресен, град кој долго време немаше заразени, по семеен собир се појавија над 20 позитивни на коронавирусот.
По долго време, вирусот се врати и во Дебар и Крушево.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.