ВНИМАВАЈТЕ И НЕ ЈАДЕТЕ: ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ПАЗАРОТ - еве во кои сладоледи имало етилен оксид и зошто е тој опасен по здравјето
Објавено во: Македонија 06 Август, 2021
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.
Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:
1. Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл
Сериски број/лот- PL1048
Рок на употреба: до 28.02.2023
Причина за отповикување:- небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Франција
2.Сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл
Сериски број/лот:MI1118,MI1119
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување:- небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Полска
3. Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл
Сериски број/лот:MI1117
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Полска
„Горенаведените производи, во количина
од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ,
затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен
надзор, односно, забрането е негово ставање во промет.
Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нешетено да ги уништат“, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.
А, еве што сппоред пребарувањето на интернет, може да се види за етилен оксид.
Се проценува дека околу 46.900 работници во ЕУ потенцијално се изложени на
етилен оксид. Примарните начини на потенцијална изложеност на човекот
на етилен оксид се вдишување и голтање. Тоа е канцерогена супстанција
(класифицирана во група 1 од IARC) која може да предизвика леукемија,
канцер на лимфите и дојките. Исто така се поврзува со спонтан абортус,
генетско оштетување, оштетување на нервите, периферна парализа, мускулна
слабост, како и нарушено размислување и меморија. Во течна форма, може да
предизвика сериозна иритација на кожата при подолг или ограничен контакт.
Постои висок ризик за изложеност на етилен
оксид кај работници кои работат во медицински
центри, печатарска индустрија, хемиска индустрија,
произвоство на гума и пластика.
Повеќе за супстанцата
Етилен оксид е запалив, безбоен гас на температури
над 10,7 ° C кој мириса на етер во токсични нивоа. Се
наоѓа во производството на растворувачи, антифриз,
текстил, детергенти, лепила, полиуретанска пена и
лекови. Главната употреба на етилен оксид е како
хемиски полупроизвод во производството на етилен
гликол. Во помали количини е присутен кај фумиганти,
стерилати за зачини и козметика, како и кај болничка
стерилизација на хируршка опрема.
Кои се сиптомите и какво е влијанието - Акутните ефекти и раните симптоми на изложување
на етилен оксид може да предизвикаат болки во
очите, воспалено грло, тешко дишење, заматен
вид, вртоглавица, гадење, главоболка, конвулзии,
плускавци, повраќање, кашлање, кај женски работници
спонтани абортуси, дегенерација на тестисите
и концентрација на сперматозоиди кај мажите.
Подолготрајна изложеност може да предизвика
леукемија, канцер на лимфите или на дојките.
Латентен период помеѓу изложеноста на етилен оксид
и појавата на канцер варира од 9 до 20 години.
Што може да направите
Постојани соодветни мерења на изложеноста се со
цел да се знае кога треба да се преземат активности.
Испитајте дали работниците известуваат за раните
симптоми. Работниците треба да бидат свесни од
ефектите на изложеноста.
Најдобро решение е да се контролира изложеноста
на пр. со избегнување на вдишување и кожен контакт.
Користете строги мерки за контрола, како што се
изолирање на процесот за да се спречи ослободување
на производот на работното место. Инсталирајте
системи за вентилација без искра и обезбедете
безбедносен туш ако постои опасност од контакт или
прскање. Како индивидуална заштита работниците
треба да носат очила и соодветна заштитна облека
која ја штити кожата во секое време во ситуации каде е
возможно прскање на течност етилен оксид. Облеката
која е опфатена со етилен оксид треба да биде
отстранета. Работниците не смеат да јадат, да пијат
или да пушат додека работка со етилен оксид. Личната
заштитна опрема треба да се користи како последен
ресурс, по претходно воведување на сите можни
инженерски решенија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.