05 Декември, 2025
0.0473

Внимавајте каква облека купувате, еве кои фалсификувани брендови беа запрени на царина!

Објавено во: Економија 11 Декември, 2012 12:49

Добивај вести на Viber

Во текот на изминатата недела , царинските службеници спречиле повеќе обиди за внесување на фалсификувана стока на територијата на Република Македонија, а задржана е поголема количина на облека за која се воспоставило дека е фалсификувана, стои во соопштението од Царинската управа. Еве кои фалсификати за малку ќе се најдеа на пазарите и во продавниците ширум земјава. - 1 407 парчиња облека (маици, фармерки, кошули, тренерки, блузи и  спортски чорапи), 240 ремени и 3. 000 гумени налепници за обувки со лого Hugo Boss, , Levi’s, D&G, Tommy Hilfiger, Armani, Lacoste, Prada, Diesel, Gucci, Polo, Louis Vuitton, Burberry, Zara, Calvin Klein, Adidas и Nike, се откриени во два одвоени случаи, при контрола на две товарни моторни возила со турски регистарски ознаки, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. -   1.424 парчиња облека (џемпери, кошули, фармерки, женски маици и блузи), 70 ташни со лого на Tommy Hilfiger, Armani,  Massimo Dutti, Louis Vuitton, Zara kids и Zara и 40.870 бричеви со лого на Gillette, откриени во два одвоени случаи, при контрола на две товарни моторни возила, едното со  турски, а другото со македонски регистарски ознаки, пријавени за влез во државата на граничниот премин Дојран. Во првиот случај, сомнителните производи биле наменети за фирма увозник од Косово, а нивната вредност се проценува на повеќе од 6,7 милиони денари, доколку би се продавале како оригинали. Во вториот случај, биле задржани 1.250 готови текстилни производи и 2.870 бричеви за еднократна употреба, наменети за фирма увозник од Струмица. - 320 пара обувки (машки и женски чевли и чизми) со лого на Betty Flowers, Logan Boots, Diva’s и други,  20 женски чанти со лого на Кrizia, Tosca Blu и други, и 65 пара очила за сонце, со лого на Laura Biagiotti, Sover, Coconuda и Baldinini, откриени во два одвоени случаи, при контрола на стока пријавена за увозно царинење, на царинската испостава Битола. Сомнителната стока била наменета за две фирми-увозници од Охрид. -  201 парчиња облека (долна облека и долен дел од тренерки) со лого на Adidas и Calvin Klein, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Охрид. Сомнителната стока била наменета за увозник од Битола.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата