Внимавајте, со празничната гозба не му предизвикувајте шок на организмот
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2022 07:27
За време на празниците, кога имаме полни трпези со секакви јадења, граѓаните често знаат да претераат со храна и алкохол.
Но, она на што треба да внимаваме е да не му предизвикаме шок на организмот, поради што подоцна ќе почувствуваме подуеност и тегоби. Нутриционистот Фани Гулевска вели дека треба да имаме избалансирана исхрана и да бидеме умерени. Објаснува дека доколку сме претерале за време на празниците со масна храна, во следните денови треба да конзумираме полесна храна.
„Знаеме дека за Нова година на трпезите има месо, печења, скара, руска салата, кифлички, и ако тој ден сме внесувале тешка храна, идните денови треба да внесуваме повеќе салати, цедени сокови, лимон, вода. Едноставно да си го почистиме организмот. Многу е важно да бидеме умерени, затоа што ако внесеме и голема количина на овошје, можеме да си направиме контра ефект по здравјето, во однос на нивото на шеќер. Обично околу празниците слушаме муабети од типот „се здебелив неколку килограми“, но промените не се невозможни и ние треба да ги направиме“, вели Гулевска.
Таа додава дека освен што е важна количината на храната, важно е и какви комбинации од намирници внесуваме во организмот. Постојат комбинации кои не се идеално решение од аспект на нутриционистите.
„Месото треба да избегнуваме да го комбинираме со компир или со ориз, и истото треба да го јадеме со некоја салата. И рибата подобро е да ја конзумираме со некој гарнир“, додава Гулевска.
Нутриционистот објаснува дека и со посната храна не треба да се претерува, и да дојде до прејадување. Вообичаено секоја година, на 1 јануари од болниците соопштуваат колку граѓани се пејале и препиле за време на најлудата ноќ и побарале лекарска помош. Оваа година меѓу оние кои претерале со алкохолот, имаше млади, но и повозрасни лица.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




