ВНИМАВАЈТЕ: ЗА ВИКЕНДОТ ДОАЃААТ СИЛНИ ГРОМОВИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ! Попоски најавува поизразено невреме
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2023 06:59
Топлотниот бран кој ја зафати Македонија, како и целиот регион и донесе за прв пат вистински летни температури оваа сезона, ја загрева многу Атмосферата и истата ја исполнува со МНОГУ ЕНЕРГИЈА.
Токму поради ова, но и поради влијанието на ГОЛЕМАТА влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, понатаму, а особено за време на викендот кај нас на многу места ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за релативно кратко време, силни громови и грмежи, како и појава на град кој локално би можел да биде дури и од поголема величина и би можел да направи штети, особено врз земјоделието.
И во Скопскиот регион за време на викендот ќе има појава на пороен дожд, силни грмежи, како и услови за појава на град, а можни се и локални поплавувања. Инаку низ Македонија повторно ова невреме би можело да донесе ПОПЛАВИ, како и излевање на некои помали реки.
Температурите особено од недела ќе бидат во ПАД за неколку степени, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни и чести електрични празнења за време на викендот, граѓаните да не претстојуваат на отворен простор, како и под осамени дрвја и да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ, напиша Славчо Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




