19 Април, 2024
0.0359

Во „Аџибадем Систина“ се воведува нова метода – третман со матични клетки во ортопедија

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

На Одделот за ортопедија во клиничката болница „Аџибадем Систина“ се воведува нова метода за третман на ортопедски заболувања со апликација на сопствени матични клетки (мезенхимални матични клетки), што се смета за значаен чекор напред во областа на ортопедијата и развојот на ортобиологијата во земјава. Станува збор за метода на третман на ортопедски заболувања како конзервативен третман или во текот на хируршки интервенции. Главната предност на оваа техника се минималната инвазивност и брзата рехабилитација.

Терапијата со матични клетки се користи за поддршка на природните процеси на телото во третманот на повредите, дегенеративните болести и хроничните заболувања на зглобовите. Оваа метода во „Аџибадем Систина“ ја воведува д-р Борислав Илиев, специјалист ортопед под менторство на проф. д-р Филип Шетле, меѓународно признат ортопедски хирург од Германија, специјалист за хирургија на колено и еден од водечките лекари во регенеративната медицина.

„Оваа метода се применува кај пациенти што страдаат од артроза на зглобовите, колената, колковите така што ја стимулира репарацијата на ‘рскавицата и најчесто со една апликација за долг временски период проблемот е решен“, вели д-р Илиев. 

Проф. д-р Шетле е пионер во областа на ортобиологијата и еден од првите лекари што користеле ортобиолошки производи од крвна плазма (PRP, ACP) за лекување на спортски повреди од 2006 година. Според проф. д-р Шетле, кај некои повреди на коленото, како на пример кај случај на скинат менискус кој претставува граничен случај за оперативен третман, тој може да започне со апликација на (PRP) автологна плазма под ехо, директно во лезијата на менискусот или, пак, со апликација на терапија со матични клетки директно во зглобот на коленото.

„Новиот метод за лекување на ортопедски заболувања е најсовремен пристап во ортобиологијата.  Со апликација на мезенхималните матични клетки се стимулира природниот процес на зглобовите за обновување на ‘рскавицата, се спречува нејзино понатамошно оштетување и се овозможува побрз процес на закрепнување“, вели д-р Борислав Илиев, специјалист по ортопедија.

За третман со матични клетки, прв чекор е правилната индикација за терапија со матични клетки, која се заснова врз детална анамнеза и прецизен преглед со проценка на РТГ-снимки од зглобовите, МРИ и КТ, а потоа се прави подготовка на регијата за аспирација на масното ткиво под анестезија. За оваа постапка се користат специјално дизајнирани сетови за правилно и безбедно собирање и администрирање на матични клетки. По пат на липоаспирација, се аспирира одредена количина масно ткиво од пациентот која понатаму се обработува. По обработката, потребната количина мезенхимални матични клетки се вбризгува најчесто под ултразвук во делови од телото каде што има индикација за нивна примена.

Терапијата со матични клетки во моментов претставува највисоко ниво на развој во регенеративната медицина и најчеста примена во ортопедијата има во третман на дегенеративни промени на големите зглобови. Оваа метода во 2016 година беше прогласена за најдобра нова технологија во спортската медицина од страна на врвни медицински експерти од водечки институции во САД, а ја применуваат многу познати спортисти за третман на оштетени зглобови, како и по повреди. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година