06 Декември, 2025
0.0767

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ УСПЕШНО ИЗВЕДЕНИ ДВЕ МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНИ ПРОЦЕДУРИ СО УПОТРЕБА НА ХЕМИСКИ ОБЛОЖЕН БАЛОН ВО ТРЕТМАН НА ПОВТОРУВАЧКИ ЦВРСТИ СТЕСНУВАЊА (СТРИКТУРИ) НА МОЧНИОТ КАНАЛ

Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2025 18:12

Добивај вести на Viber

Првпат во Македонија и регионот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се изведени две минимално инвазивни процедури за третман на упорни и/или повторувачки стеснувања – стриктури на мочниот канал (уретра).

„Оваа процедура се изведува без рез, ендоскопски и под флуороскопска контрола, со специјално дизајнирани балони чиј ѕид е обложен со лек паклитаксел – цитостатик со локално дејство, чиe ослободување во ѕидот на мочниот канал не дозволува повторно формирање на сврзно ткиво и стеснување на каналот. Пациентите се испишуваат од болница истиот ден со носење на тенок уринарен катетер само три дена. Лекот останува да дејствува во клучниот период од еден месец, без системско дејство на телото“, објаснува д-р Александар Мицковски, специјалист по урологија.

Клучно е тоа што стапката на повторување на стриктурите се намалува за 75%, а потребата од изведување голема отворена операција со трансплантација на слузница од образ се намалува за 50%. Споредбено, стапката на успех на класична DVIU (интерна уретротомија, една од најчестите уролошки операции) од 27% во период од 5 години ја зголемува на фантастични 75% – ROBUST III студија. Како процедура е максимално безбедна, а компликациите се ретки и минливи.

Д-р Мицковски вели дека овој вид процедури е одобрен и е дел од официјалниот протокол на лекување стриктури – стеснувања на мочниот канал во водичите на двете највлијателни уролошки асоцијации – американската AUA и европската EAU, а има одобрение  и од американската ФДА. Се изведува рутински во најмодерните уролошки центри, а на големо задоволство и кај нас.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј