03 Мај, 2024
0.0321

Во агресивно општество, агресивно однесување и во училиштатa

Објавено во: Македонија 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Случајот со бруталното претепување на 14 годишното  девојче во дворот на основното училиште “Гоце Делчев”  во Неготино и нападот врз двајцата професори од гостиварската гимназија го отвори прашањето  за агресијата, која според  дел од  психолозите се шири низ целото општество. Училишниот психолог Ана Попризова вели дека не постои доволно развиен систем на воспитни мерки во училиштата,  правилниците за постапување во случаи на агресивно однесување се застарени и не се во согласност со новите воспитни трендови за постапување при случаи на инциденти на насилство. Понекогаш, како што вели притисокот од родителите врз наставниците и директорите е голем, па често се случува тие да се немоќни да преземат нешто.

“Во случаи на агресивно однесување најпрво треба да се истражи случајот,  да се вклучат наставниците, родителите и учениците во изнаоѓање на мерки кои би биле во насока на работа со тие деца со стручни служби, бидејќи секое дете кое покажува агресивно однесување е потенцијална жртва на агресија или има проблеми од друга природа. Исто така во поекстремни случаи се препорачува и вклучување на соодветните служби во Министерството за образование и наука, пред се мислам на просветниот инспекторат.Исто така треба да се работи и со учениците кои се изложени на насилство, бидејќи ним им треба поддршка и помош исто така”- вели психологот Попризова.

Потребно е како што вели  да се работи и со родителите на децата и насилници и жртви, а секако и со целокупната паралелка и наставниците кои работат со тие деца. Ваквата поддршка подразбира советување на родителите за стилот на воспитување на своите деца, како и препораки доколку им е потребна помош и на родителите.

“Потребно е да се вклучат и наставниците и да се изгради клима во која ќе се почитуваат правила на однесување и ќе постои доследност во нивната примена.  Реакциите кога има изразена агресија  треба да бидат на две нивоа: најпрво во насока на спречување на чинот на насилство и пружање помош на жртвите на насилство, како и работа на креирање на позитивна училишна клима во која учениците преку вклучување во различни активности за време на наставата или воннаставните активности, ќе ја развиваат својата самодоверба, креативност, ќе бидат пореализирани и позадоволни”- додава психологот Попризова.

Во денешниов  општествен контекст, смета дека насилството е присутно на сите нивоа и  не постои стабилен правен систем кој го санкционира насилството.

“И секако дека насилството се прелева и во семејството и во училиштето.Не постои ниту функционален социјален систем кој ќе ги детектира насилниците и ќе дава поддршка на жртвите и на насилниците. Оттука е јасно дека и образовниот процес, како подсистем на агресивното општество ќе биде агресивен. Изминативе години воспитно-образовниот прецес беше сведен на тестирање на меморирани знаења кај учениците, а со тоа и тестирање на образовната работа на наставниците. Никаков акцент не се ставаше на добросостојбата на учениците и наставниците во училиштата, која е основен предуслов за развој на позитивна клима, негување на вредности и воспитување на учениците”- потенцира училишниот психолог.

Современите образовни трендови ставаат акцент токму на негување на воспитните компоненти во образовниот процес, воспитување на хумани вредности и градење на особини на личноста низ поддршка од страна на наставниците. Семејството е примарна средина во која детето ги стекнува првите навики и вредности. Какви односи владеат во семејството, тоа ќе рефлектира и во развој на личноста на детето.

“За жал и во нашето општество, современото семејство минува низ многу турбуленции. Не постои позитивен систем на вредности. Криминалното однесување не е санкционирано. Многу родители заради социјалниот статус се доживуваат недопирливи и настапуваат од позиција на моќ во училиштата. Нискиот стандард и сиромаштијата ги става  голем број родители во трка по заработка, па тие немаат многу време да посветат на воспитување на своите деца. И самите родители се често исфрустирани и без поддршка во процесот на воспитување на децата. Што се однесува до медиумите и интернетот, нивното влијание е големо особено кај децата и младите. Нашите медиуми се преполни со шунд и говор на омраза. Недостасуваат едукативни содржини за деца и млади, а не постои ни систем за едукација на децата и младите за опасностите од користење на интернет и регулирање на приватноста”- нагласува Попризова.

Осуда за тепачката во  неготинското училиште  стигна и од Првата детска амбасада- Меѓаши кои побараа  до крај  да се  истражи случајот. Во  понеделник на разговор се повикани учениците, нивните родители и стручните служби од училиштето. Дополнително ќе се утврдува дали за инцидентот ќе бидат поднесени  кривични пријави.

С.Б. 

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ