30 Септември, 2024
0.0274

ВО АПРИЛ И МАЈ ЌЕ ИМААТ САМО МИНИМАЛНА ПЛАТА - Заев ова го најави за премиерот, вицепремиери, функционери, судии и обвинители

Објавено во: Македонија 22 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сите  функционери и раководители два месеци ќе бидат под рестрикција. Тие ќе добиваат само минимална плата, наместо актуелната плата што сега ја земаат. 

Истата мерка ќе важи и за судиите и обвинителите, а мерката и за нив се однесува за два месеци.

Ова е еден од предлозите на СДСМ до Владата, што го соопшти лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Сите вработени во јавниот сектор на државно и на локално ниво ќе добиваат исто така минимална плата за април и мај. Ова не се однесува на медицинскиот персонал, полицајците и сите што се справуваат со корона вирусот.

„Сите функционери и раководители одат на минимална плата. Пратеници, премиерот, вицепремиерите, судии и обвинители за април и мај ќе земат минимална плата. Исто така и јавната администрација и на државно и на локално ниво. Оваа мерка не важи за лекарите и медицинскиот персонал, за полицајците и војниците“, рече Заев.

Претседателите и членовите на советите на општините, како што најави ќе работат без надомест, исто како членовите на управните одбори, а парите ќе одат во фондот за борба против коронавирусот.

СДСМ подготвила нов огромен економски пакет со кој треба да им се помогне на бизнисот, на граѓаните и на целата економија зафатена од кризата поради коронавирусот, со вкупна вредност од 200 милиони евра.

За април и за мај државата ќе обезбеди минимални плати за вработените во сите фирми кои ќе бидат погодени од кризата. Фирмите само ќе си ги платат придонесите, а според Заев станува збор за  99 шифри на дејност, односно  безмалку половина од нив се погодени од кризата. Тој, сепак, нагласи дека знае кои од нив не се погодени од кризата, па од мерката ќе бидат исклучени сите  фирми кои ќе даваат дивиденти и бонуси за 2019 година и кои сега ги повлекуваат.

Помош, рече Заев, нема да нема да има за оние вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари. Потоа, фирмите кои ќе бараат помош ќе мораат во моментот на аплицирањето да имаат ист број на вработени како пред кризата со короната, за да не се отпуштаат работници.

Сите што останале без работа, исто така, ќе добијат месечна плата и надомест  во висина од просечната плата.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО