Во автомобил запленет во северно Косово имало и руски документи
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2023
Косовските власти сметаат дека и Русија има вмешано прсти во нападот на северно Косово кој се случи деновиве. Пронајдени руски документи сугерираат вмешаност на Русија.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечља во ексклузивно интервју за Алсат вели дека Косово треба да размислува за промена на пристапот во дијалогот со Србија со посредство на ЕУ.
Свечља нагласи и дека Србија не е сама во вакви терористички акти, туку има поддршка и од Русија.
„Можам да кажам дека во еден од автомобилите, има 20 автомобили кои се запленети, поточно 23 автомобили со опрема и во еден од нив има руски документи“, додава Свечља.
Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека амбасадорите на Квинтата сметаат дека ситуацијата на северот во Косово е многу опасна и ќе бидат потребни дополнителни напори за да се најде причината за целата ситуација.