28 Ноември, 2024
0.0375

ВО БАНКИТЕ НА КРАЈОТ НА ЈУНИ ИМАВМЕ 5,44 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ГРАЃАНСКИ ЗАШТЕДИ - во јули ќе се знае дали и колку од нив „чепна“ граѓанската обврзница

Објавено во: Финансии 27 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

На крајот на јуни граѓаните чувале 5,44 милијарди евра како депозити во домашните банки.

Станува збор за вкупните заштеди на секторот домаќинства, според последните податоци кои ги објави централната банка.

Депозитите во нашите банки растеа постојано и секој месец во целиот изминат период, па дури и во месеците на екстремно висока инфлација, која реално ги обезвреднува граѓанските заштеди.

Па така, според бројките на НБМ, само во текот на јуни имаме зголемување на граѓанските депозити за дури 63 милиони евра. Или, ако се гледа како процент на пораст, депозитите се зголемиле за 1,2 отсто во однос на еден месец претходно.

Ова говореше дека се досега, банкарското штедење е избор број еден за македонскиот граѓанин, и дека граѓаните сепак преферираат на банките да им ги доверат своите пари.

Гледано по валута, она што радува е дека во јуни граѓаните се повеќе го преферираат домашниот денар како опција за штедење, па дури во јуни повеќе депонирале во денари, отколку во странска валута.

Според бројките на НБМ, заштедите во денари достигнале 2,654 милијарди евра, што е раст за 48,5 милиони евра за само еден месец, односно во споредба со мај.

Една од причините зошто заштедите во денари стануваат се поатрактивни, е фактот што банките во последниов период во неколку наврати позначителнио ги зголемија каматните стапки на денарските заштеди, како резултат на серија мерки што ги донесе Народната банка, што направи тие да бидат поатрактивни за граѓаните.

Овде треба да се има предвид и фактот дека веќе никој не верува во апокалиптичните шпекулации за можни девалвации кои беа само во главите на тие што ги измислуваа, па затоа граѓаните решија дека е навистина многу поисплатливо да штедат во домашна валута.

Сепак, иако за малку, вкупните депозити во странска валута сеуште „им бегаат“ на денарските, па тие на крајот на јуни биле на ниво од 2,79 милијарди евра, но кој нив месечниот пораст во однос на мај е понизок и тој изнесува 14,5 милиони евра.

„Во јуни, депозитите на домаќинствата се зголемија за 1,2 отсто на месечна основа во најголем дел под влијание на растот на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута и во денари, при помало зголемување и на краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута забележаа пад. Годишната стапка на раст од 8,8 отсто целосно произлегува од  зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута и во денари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити“, се вели во последното сумирање на податоците што го направиле од централната банка.

Но, она што ќе биде многу интересно да се види, ќе бидат бројките на НБМ за депозитите во јули, кога ќе се знае дали и колку од нив чепнале граѓанските обврзници на вкупна сума од 23,5 милиони евра.

Како што е познато, Министерството за финансии за граѓанските обврзници дава камата од 5 отсто годишно, од кои на истекот на првата година ќе се исплати каматата, а на крајот на втората година ќе се исплати каматата за втората година, а ќе се врати и износот на парите што ги вложил граѓанинот во граѓанската обврзница.

Оваа камата од 5 отсто што ја дава државата на граѓанската обврзница, е сепак многу повисока од каматната стапка на депозитите, колку и да е таа зголемена во последниов период. 

Токму затоа во јули повеќе ќе се знае дали парите вложени во граѓанските обврзници „чепнале“ од граѓанските заштеди во банките, и колку, иако не може со сигурност да се знае, бидејќи парите може да се повлечат од банка и да се инвестираат во нешто друго, или, пак, тоа се пари кои можеби некој сеуште ги чувал под перница, па сега решил да ги вложи во граѓанска обврзница.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ НАЈМАЛКУ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ НАЈМАЛКУ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти