18 Декември, 2025
0.0551

Во Чешка има 11.500 бездомници, секој трет работи

Објавено во: Свет 22 Февруари, 2013 15:46

Добивај вести на Viber

Во Чешка, земја со 10,5 милиони жители, се регистрирани 11.500 бездомници на кои им е потребна социјална помош и сместување, пренесуваат чешките медиуми.

Според податоците на Чешкиот завод за статистика, една петтина од вкупниот број на лица кои немаат каде да живеат се жени, а секој трет од нив има работа.

Истражувањето, покажува дека тие најчесто престојуваат во специјалните домови за азил и преноќишта кои се во надлежност на локалните органи. Најчесто овие луѓе работат во автомобилската индустрија и градежништвото.

Во чешката метропола има 5.000 лица кои се водат како бездомници, од кои 86 проценти се мажи, а 14 проценти жени. Околу 1.800 од нив живеат буквално на улица.

Според предвидувањата, во 2020 година бројот на лица без „покрив над главата“ ќе порасне на 13.000, од кои 5.000 ќе бидат „видливи“, односно ќе живеат на улица.

Невладините организации кои се грижат за оваа категорија на луѓе, тврдат дека нивниот број расте иако не драстично, а донациите се намалуваат.

Според сегашната општествена ситуација, бездомниците за разлика од 90-те години на минатиот век, сега најчесто имаат големи финансиски проблеми и поради тоа нивното вклопување во реалниот живот оди потешко.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина