25 Март, 2025
0.0358

Во четврток пресуда за киднапирањето на Самоил, внукот на Љубе Бошковски

Објавено во: Македонија 02 Април, 2024 14:36

Добивај вести на Viber

Во четврток ќе биде објавена пресудата за киднапирањето на Самоил Костадиновски,познат уште и како внук од сестра на политичарот Љубе Бошковски, откако денеска во Основниот кривичен суд Скопје се одржаа завршни зборови.

Обвинителот Дарко Петревски денеска од судот побара обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ да бидат прогласени за виновни. Обвинителството ги товари овие двајца дека го грабнале, односно помогнале да биде грабнат, за да го натераат да плати за дрога од 4 килограми. Самоил по 13 месеци откаско е киднапиран, не е пронајден, а неговите најблиски сметаат дека најверојатно е убиен за да му бидат земени парите.

Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на првообвинетиот Виктор Милановски, рече дека немало логика во доказите, а според адвокатот Драган Пешевски, бранител на второобвинетиот Челичиќ, обвинителството не докажало ништо против второобвинетиот и тој побара ослободителна пресуда.

– Самоил беше мој другар и пријател, се дружевме, бев кај него дома, никогаш не би помислил да направам нешто такво, а камо ли на некој што ми бил другар, пријател, како брат, рече обвинетиот Милановски

Челичиќ посочи дека е нездраворазумски да се помисли дека помогнал во киднапирањето.

– Нема да дозволам некој да ме обвинува мене за туѓите зделки. Јас имам 31 година и се стремам да создадам семејство, рече тој. 

За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

Процесот го води судијката Славица Наумова Јосифовска, пресудата е закажана  на 4 април во 12 часот.


Можеби ќе ве интересира

СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува

СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува

Пратеникот Миле Лефков ќе ја отвори канцеларијата во Кочани додека Собранието не работи втора недела по ред

Пратеникот Миле Лефков ќе ја отвори канцеларијата во Кочани додека Собранието не работи втора недела по ред

ХЕРОЈ: ФУДБАЛЕРОТ АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ ПОЧИНАЛ СПАСУВАЈЌИ ЛУЃЕ ВО КОЧАНИ, ТОЈ ПРЕТХОДНО НЕ НИ БИЛ ВО ДИСКОТЕКАТА - се откриваат нови тажни детали за починатите

ХЕРОЈ: ФУДБАЛЕРОТ АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ ПОЧИНАЛ СПАСУВАЈЌИ ЛУЃЕ ВО КОЧАНИ, ТОЈ ПРЕТХОДНО НЕ НИ БИЛ ВО ДИСКОТЕКАТА - се откриваат нови тажни детали за починатите

Обвинителство: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани

Обвинителство: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани

ОД УКЦ НИШ СТИГНАА НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ - таму се лекуваат тројца наши луѓе, ова е нивната најнова состојба

ОД УКЦ НИШ СТИГНАА НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ - таму се лекуваат тројца наши луѓе, ова е нивната најнова состојба

„БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СОБРА 35.000 ЕВРА И ГИ ДОНЕСЕ, НАШИВЕ ОДМОР ЗЕМАА“: Ина Многуфина остро 'од овде треба лифт да те качи на дното'

„БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СОБРА 35.000 ЕВРА И ГИ ДОНЕСЕ, НАШИВЕ ОДМОР ЗЕМАА“: Ина Многуфина остро 'од овде треба лифт да те качи на дното'

„ЕДЕН ПАЦИЕНТ СЕ ВРАЌА ОД СТРАНСТВО, ЗА ЖАЛ КАЈ НЕКОИ СОСТОЈБАТА Е ВЛОШЕНА“: Таравари ги соопшти најновите информации

„ЕДЕН ПАЦИЕНТ СЕ ВРАЌА ОД СТРАНСТВО, ЗА ЖАЛ КАЈ НЕКОИ СОСТОЈБАТА Е ВЛОШЕНА“: Таравари ги соопшти најновите информации

ЌЕ СЕ СЛУЖИ ИФТАР КАЈ УРГЕНТЕН: Подготвен простор за вработените кои постат, а во 13 часот семејствата на повредените од Кочани ќе можат да ручаат

ЌЕ СЕ СЛУЖИ ИФТАР КАЈ УРГЕНТЕН: Подготвен простор за вработените кои постат, а во 13 часот семејствата на повредените од Кочани ќе можат да ручаат

Спортската јавност во шок: Директорот на фудбалската репрезентација му бил соработник на Штекли

Спортската јавност во шок: Директорот на фудбалската репрезентација му бил соработник на Штекли