19 Декември, 2025
0.0475

Во четврток стартува новата сезона на Бизнис Кафе Македонија

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2016 09:32

Добивај вести на Viber

Овој четврток (24-ти ноември) со почеток од 18:00 часот, во кафе-бар “Мартини“ (т.ц. Лептокарија) во Скопје, ќе се одржи новото 20-то по ред издание на Бизнис Кафе Македонија.

Со овонеделното “кафе“  воедно стартува и новата 4-та по ред сезона на овој единственнетворкин настан кој има за цел да мотивира и инспирира деловни успеси и нови бизнис-соработки.

Овојпат, како гости-говорнци кои со посетителите ќе ги споделат своите животни и бизнис приказни доаѓаат:

-  Г-дин Венкo Андоновски, професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, прозаист, драматург, филмски сценарист, критичар...

-  Г-ѓа Емилија Филдишевска, туристички работник, сопственичка на компанијата“Македонија Травел“ - една од водечките компании за туристички услуги во Македонија ; и

-  Г-дин Николче Мицевски -  композитор, автор, инструменталист, хармоникаш и клавирист.

Ако сакте да чуете нови бизнис-искуства, да дознаете кој бил рецептот за успех на нашите гости или едноставно само да се дружите и да запознаете нови деловни контакти, резервирајте си ја вашата карта на “Купи карти за се“ преку овој ЛИНК, или со испраќање на  e-mail на следната адреса: mkbizniskafe@gmail.com

Главни покровители на 20-тото Бизнис Кафе Македонија се: КД Фондови и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Бизнис Кафе Македонија е дел од франшизата Бизнис Кафе која потекнува од Хрватска, а Скопје, заедно со Загреб, Белград, Сарево, Подгорица и Љубљана досега бил домаќин на повеќе од илјада бизнисмени-стопанственици, врвни менаџери и стартап ентузијасти кои заедно биле дел од некое од претходните изданија и учествувале во стотиците зделки договорени како резултат на остварената бизнис-дружба во неформалната и опуштена атмосфера.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии