Во Црна Гора короната зема замав
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Јули, 2020
Во Црна Гора вирусот Ковид -19 зема замав.
Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора анализирале 468 примероци од кои 58 се позитивни, објавија црногорските медиуми.
Од почетокот на јуни вкупниот број регистрирани позитивни е 753 со 10 смртни случаи и 10 оздравени.
„Во Црна Гора имаме сериозна ситуација, со сериозен број заболени“, изјави директорот на Институтот за јавно здравје и член на Националното координативно тело, Бобан Мугоша.
Тој изјави дека ваква ситуација е очекувана, по епидемиолошкото „затишје“.
Претходно, земјата беше меѓу првите во Европа која го победи вирусот, но тој потоа повторно се појави.
Во цел регион заразата се шири.
Србија денес е на трето место во Европа по бројот на починати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.