Во декември предвидена градба на над 400 станови
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017 12:41
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016 се издадени 333 одобренија за градење што е за 0.9% помалку во однос на истиот месец лани.
Во овој период е предвидена изградба на 419 станови со вкупна корисна површина од 41 887 м2.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 433 793 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59.8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11.7%) за објекти од нискоградба и 95 (28.5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 333 објекти, на 221 (66.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 112 (33.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.
За споредба во ноември лани беше предвидена изградба на 985 станови со вкупна корисна површина од 86 342 м2.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




