Во денешниот извештај најмладиот починат од ковид има 18 години
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Септември, 2021
Најмладиот починат од коронавирусот во денешниот извештај кој го објави Министерството за здравство има 18 години.
Станува збор за пациент од Гевгелија. За 24 часа имаме 31 починат од компликации од вирусот.
Пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г).
Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.