Во ДИК повикан избирачки одбор од Гостивар
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 19:25
Членовите на избирачки одбор на гласачко место 0396/1 во Гостивар се повикани во Државна изборна комисија (ДИК).
Ова следи по приговорот на БЕСА дека гласач бил оневозможен да гласа поради тоа што во списокот веќе имало потпис дека гласал, кои одговорија дека потписот се совпаѓа со нејзиниот во документите за идентификација.
„Од 13:00 часот јас почнав да работам како претседател на ИО и значи накај 14:30 дојде жена со сопруг да гласа. Прво се легитимираше и потоа во списокот се провери. Кога членот со списокот виде дека на колона каде е со слика и податоци веќе има потпис во тој момент почна да се реагира. Членот им кажа дека е потпишана и гласала, а таа потоа или сопругот тврдеше дека не гласале. Припадникот набљудувач на Беса тврдеше дека биле соседи и не гласала таа, по што инсистираше да се прекине процесот. Му кажав дека тој нема право да одлучи дали ке се прекине како набљудувач туку дека има право до ОИК да забележи. Ние видовме сите што е работата. Мислевме првин да не е некоја грешка, но потписот беше ист како на лична карта и на ливчето и на хартија жената се потпиша и потписот беше ист и заклучивме дека била и гласала. Ние втора смена не знаевме дали била или не. Со тоа не и дозволивме да гласа по втор пат, за да не го прекршиме законот. Заклучивме дека е обид за гласање по втор пат. Беше проверена со УВ ламба и заклучивме дека има знаци дека гласала исто како и кај другите членови кои гласале“ - вели претседателот на избирачкиот одбор.
Беше кажано дека луѓето обратно се потпишувале во списокот, а членовите на ДИК прашаа како знаеле дека потписот е нејзин затоа што во списокот има фотографија, но не и потпис од лицето. Додадоа дека потпис има само во личната карта, но не и на списокот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




