Во експлодиран автомобил загина Дарија Дугина, соработничка на Путин под западни санкции
Објавено во: Свет 21 Август, 2022
Дарија Дуѕгина, ќерката на Александар Дугин, инаку близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, е убиена во село во близина на Москва, откако експлодирал нејзиниот џип, пишува Би-Би-Си. Дугина беше новинарка која се залагаше за руската инвазија на Украина.
Претходно годинава, таа беше ставена на списокот на санкционирани лица од страна на американските и британските власти, кои ја обвинија 30-годишната девојка дека придонесува за онлајн „дезинформации“ за руската инвазија.
Во 2015 година, САД го санкционираа нејзиниот татко Александар Дугин за неговата наводна вмешаност во руската анексија на Крим. Него го гледаат како главен пропагатор на ултранационалистичката идеологија на која многумина во Кремљ се придружуваат и го викаат „Распутин на Путин“.
Дарија Дугина загинала откако автомобилот и експлодирал додека се возела кон својот дом. Наводно, во тој автомобил како цел на нападот требало да биде блискиот соработник на Путин, но тој влегол во друг.о возило. Дугин и неговата ќерка синоќа требало да се вратат од настан во ист автомобил, но таткото во последен момент влегол во друг автомобил.
Непотврдено видео објавено на Телеграм се чини дека го покажува Дугин како шокирано гледа додека службите за итни случаи пристигнуваат на местото на настанот. Би-Би-Си не можеше да ја потврди снимката од независен извор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.