29 Ноември, 2024
0.0275

Во енергетската криза се зголемило купувањето на огревно дрво, но државата не испорача колку што треба

Објавено во: Економија 19 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие Национални шуми потфрлило во интервентниот план да обезбеди што е можно повеќе огревно дрво за домаќинствата во период на енергетската криза минатата година, кога значително се зголеми цената на електричната енергија.

Поради поскапувањето на цената на другите алтернативни решенија за затоплување што предизвика зголемен интерес за купување на огревно дрво кај граѓаните, ова јавно претпријатие планирало да испорача многу повеќе од реализираните 217.000 метри кубни, пишува во неговиот годишен извештај за ланското работење. „Национални шуми“ во овој сегмент испорачал само 67 отсто од годишниот план и покрај дозволата од Министерството за финансии пред почетокот на 2022 да вработи на определено нови 410 лица.

Сепак во однос на една година претходно - 2021, продадена е за 13 отсто поголема маса на дрво за огрев при што од граѓаните биле наплатени 830 милиони денари (13,5 милиони евра). Тоа е за 100 милиони денари и 14 отсто повеќе споредено со 2021.

Според „Национални шуми“, продажбата на огревното дрво лани била субвенционирана со загуба од 6 милиони евра во овој дел од работењето. Севкупно, претпријатието остварило добивка од 450.000 евра на крајот од ланската година.

Лани „Национални шуми“ информираше дека побарувачката на огревно дрво е зголемена и дека во најголем процент потребите на консументите се задоволени. Од таму рекоа дека заинтересираноста за набавка на огревно дрво е во постојан раст, со оглед на тоа што неговата цена за метар кубен е пониска во однос на останатите приватни складови во земјава.

ЈП „Национални шуми“ изминатата есен со дозвола од Владата донесе нов ценовник и  започна со продажба на огревното дрво со 20 отсто повисоки цени. Досегашните истражувања говорат дека огревното дрво во земјава се употребува кај околу 40 отсто од домаќинствата во градовите и кај 85 отсто во руралните општини. 

Покрај електричната енергија, за краток период енормно поскапеа и пелетите и екстра-лесното масло за греење на домаќинствата ЕЛ-1.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични