05 Декември, 2025
0.0330

Во ЕУ имаме повеќе невработени жени или мажи?

Објавено во: Економија 01 Септември, 2025 19:10

Добивај вести на Viber

Стапката на невработеност во ЕУ во јули годинава изнесувала 5,9 отсто, што е претставува намалување како во однос на јуни,  соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.

На ниво на Еврозоната, пак, јулската стапка на невработеност изнесувала 6,2 отсто, што претставува намалување во однос на претходниот месец кога таа изнесуваше 6,3 проценти. На годишно ниво – јули 2025-јули 2024 – стапката на невработеност во Еврозоната е намалена за 0,2 процентни поени.

Според проценките на Евростат, во јули 2025 година во ЕУ имало 13,025 милиони невработени лица, од кои 10,805 милиони живееле во земјите од Еврозоната. Во однос на претходниот месец бројот на невработени во ЕУ се намалил за 165 илјади, а во Еврозоната за 170 илјади. На годишно ниво, бројот на невработени е намален за 105 илјади во ЕУ и за 161 илјада во Еврозоната.

Од вкупниот број невработени во ЕУ во јули годинава, 2,801 милиони лица биле на возраст под 25 години, од кои 2,227 милиони живееле во Еврозоната.

Така, јулската стапка на невработеност кај младите во ЕУ изнесувала 14,4 проценти, а во Еврозоната 13,9 отсто. Во јуни 2025 стапката на невработеност кај младите изнесуваше 14,8 отсто на ниво на ЕУ и 14,3 проценти во Еврозоната.

На месечно ниво бројот на невработени млади лица во ЕУ се намалил за 81 илјада, а во Еврозоната за 64 илјади.

Кога станува збор за стапката на невработеност кај жените во ЕУ, таа во јули годинава изнесувала 6 отсто, што е намалување на месечно ниво за 0,1 процентен поен. На ниво на Еврозоната, стапката на невработени жени била 6,4 проценти, што е за ист процентен поен помалку во споредба со јуни 2025, кога изнесуваше 6,5 отсто.

Кај мажите стапката на невработеност во ЕУ во јули изнесувала 5,8 отсто, останувајќи непроменета во однос на претходниот месец, додека на ниво на Еврозоната таа изнесувала 6,1 проценти, што претставува месечно намалување за 0,1 процентен поен.

foto freepik.com/Drazen Zigic

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката