05 Декември, 2025
0.2676

Во фасадата на Министерството за правда „летнаа“ уште 440 илјади евра!

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2014 13:21

Добивај вести на Viber

Нови над 440 илјади евра ќе завршат во фасадата на Министерството за правда, откако ова Министерство денеска склучи два дополнителни договори со италијанската фирма „Ламоне Мореда“ за надворешниот изглед на зградата. Договорите се склучени без претходно објавување јавен оглас, а како причина за тоа се наведува што „таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“. Двата договора се за реконструкција и адаптација на северна фасада и реконструкција и доградба на дел од просториите на објектот на Министерство за правда. Вредноста на едниот со ДДВ изнесува речиси 288 илјади, а на другиот - 154 илјади евра. Новата фасада на Министерството за правда, според првичниот договор, требаше да чини 2,9 милиони евра, но извесно е дека оваа сума се надминува. Италијанската фирма „Ламоне Мореда“ во октомври беше избрана за изведувач на проектот, во конкуренција на уште четири други фирми, а и беа дадени 10 месеци да ја заврши фасадата во барок стил. Пред една недела и Министерството за култура склучи нов договор со истата италијанска фирма за изведување на дополнителни и непредвидени работи на објектот Стар театар во Скопје. Вредноста на овој договор изнесува речиси 367 илјади евра, а повеќе информации за ова во следниот текст: И по црвената лента, Стариот театар уште се гради?

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“