ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ЛЕКАРИТЕ СЕ БОРАТ ЗА УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ: 35-годишен кавадарчанец две недели е во тешка состојба
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2020 07:31
Лекарите во ГОБ
„8 Септември“ се борат да му го спасат животот на млад пациент од Кавадарци. Директорот
на болницата, д-р. Христијан Костов за Фактор вели дека таму се лекуваат најтешките
пациенти, оние кои се во критична состојба, односно кои ја имаат најтешката
форма на болеста.
-Пациентот од Кавадарци е хоспитализиран кај нас веќе две недели. Во многу тешка состојба беше донесен и е поставен на сипап. Би сакал да истакнам дека и овој млад човек има дополнителни коморбидитети, однсно има дијабет и е обезитас, односно има прекумерна тежина, вели директорот Костов за Фактор.
Инаку, во вчерашната статистика меѓу починатите имаше 30-годишна пациентка од Скопје, која исто така имала дополнителни коморбидитети, односно дијабетес и висок крвен притисок.
-Таа беше примена на 2.декември, со обилна пневмонија, и за жал по речиси 10-дневна борба почина, вели д-р. Костов.
Изминативе денови забележителен е бројот на починати млади луѓе од Ковид-19. Вчера почина 22-годишна родилка од Скопје.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




