Добивај вести на Viber
Грчките банки можат да останат без пари во наредните два дена, ако доверителите не се согласат на нов договор за помош, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на два извора запознаени со финансискиот систем на земјата.
Поради лимитот за влечење до 60 евра дневно од банкоматите и поради фактот дека банките се затворени последната недела, а присуството на пари се намали брзо.
Извор запознаен со банкарскиот систем на земјата, тврди дека очекува некои банкомати да останат без пари до среда. Грчки банкар пак наведува дека во системот останале пари само за два дена.
"Присуството на пари во банкоматите ќе биде вистински проблем ", коментира првиот извор. "60-те евра на ден навистина го продолжија животот на банкоматите, но утре тоа ќе изгледа како многу голем предизвик".
Вториот извор наведува дека монетарниот систем во земјата ќе биде во застој, ако премиерот Алексис Ципрас не успее да склучи договор во следните денови.
Истовремено заменик-министерот за финансии, Димитрис Мардас изјави дека Грција ќе успее да ги отплати платите во јавниот сектор во јули.
"Не сме соочени со особени проблеми во исплатата на платите во јавниот сектор", категоричен беше тој. "Врз основа на она што го знаеме досега, тие можат да бидат исплатени нормално".
Можно е да се одржи уште еден состанок на лидерите на еврозоната оваа недела, 12 јули, откри за РИА Новости извор близок до раководството на Европската унија (ЕУ).
Во средата грчката Влада ќе претстави "заедничка основа" за аранжман со доверители, како ќе ги има предвид резултатите од референдумот, заедничкиот став на политичките лидери и институциите, како и предлозите на доверителите, пишува уште агенцијата, повикувајќи се на владин извор.
Според него на квадрилатерален состанок премиерот на Грција Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер разговарале за можностите како да постигнат вистински резултати.
Според извор на Ројтерс Грција ги моли своите партнери од еврозоната за привремено решение на потребите за нејзино финансирање, кое да го покре преостанатиот дел од месецот. Ова ќе се случи додека се работи за склучување на долгорочен договор, посочува тој.
Изворите на РИА Новости откриваат дека на вчерашната средба станало јасно дека е малку веројатно на Грција да и биде доделена хуманитарна помош.
Обработка: К.К.
Извор: Ројтерс - РИА Новости