ВО ГРЦИЈА Е СЕ ПОЛОШО: Над 2.500 луѓе кои тргнале на грчките острови се вратени назад
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 19 Јули, 2021
Вратени се повеќе од 2.500 луѓе кои тргнале на грчките острови.
Од 16 јули, невакцинираните патници кои се враќаат во континентална Грција мора да покажат негативен ПЦР тест или брз тест за да се качат на траект.
„На околу 2.500 лица им е забрането да се качуваат на траекти до грчките острови само во последните три дена, затоа што немале потребна документација“, изјави денеска министерот за бродарство и островска политика Јанис Плакиотакис.
Крајбрежната стража е задолжена да провери дали мерките се спроведуваат во пристаништата од 13 јули, поради загриженост дека грчки и странски туристи кои патуваат од и до островот доведуваат до зголемување на инфекција со коронавирус, пишува „Катимерини“, пренесува Танјуг .
Грција ставена на црвената листа поради големиот број нови заразени. Германија ја идентификуваше цела Грција како ризична земја што се однесува на епидемијата. Бројот на заразени на дневно ниво е околу 3.000.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.