05 Декември, 2025
0.0499

Во Грција има нови 219 луѓе заразени со делта сојот

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 23 Јули, 2021 06:53

Добивај вести на Viber

Во Грција се потврдени 219 нови случаи од делта сојот. 

На 1.087 се зголеми вкупниот број на потврдени делта случаи во Грција, откако Националната организација за јавно здравје вчера соопшти  за 219 новозаразени со конкретниот сој, што претставува 5,42 отсто од мутациите во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на новите случаи, има 2.604 новозаразени, а починаа пет луѓе.  Професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу рече дека во изминатата седмица во просек имало по 2.568 случаи дневно, а просечната возраст на новозаразените е 26 години. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти дека за невакцинираните вработени во угостителството и туризмот, задолжителни се два теста седмично, еден рапид и еден селф тест. За ситуацијата на Миконос објасни дека нема нови кластери и со воведениот полициски час и забрана за музика во угостителските објекти делумно се спречило дополнителното ширење на коронавирусот. Следните денови ќе биде соопштено дали мерките на островот што се во сила до понеделник наутро ќе бидат продолжени или прекинати.

Во соседството, Грција е во најлоша состојба, а тоа може да се види и од новата ковид мапа на Европа. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии