Во Грција потврден случај на јужноафриканската мутација на коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 31 Јануари, 2021
Кај јужниот сосед е потврден случај на јужноафриканската мутација на коронавирусот.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и претседателот на Националната организација за јавно здравје итно заминаа за Солун по откриен случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан денеска со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата. Во земјата има 66 случаи на британската мутација на вирусот. Во Грција од вирусот починаа над 5.700 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.