07 Октомври, 2024
0.0345

Во Грција задоволни од тоа што нивните авиони ќе го чуваат македонскиот воздушен простор

Објавено во: Македонија 03 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Алтернативниот министер за одбрана на Грција, Панос Ригас, по постигнатиот договор грчките воени авиони да го чуваат македонскиот воздушен простор кога земјата ќе стане 30-та членка на НАТО, денеска рече дека „соседите им веруваат на грчките воени сили“.

Според Ригас, се испишува нова историја со вчерашните договори што беа потпишани во Скопје во делот на одбраната, а освен спогодбата за прелети со грчки борбени воздухоплови, ќе се соработува и во обуката и пренесување на знаењето кај македонската армија и воените училишта.

"Ние веќе сме одговорни за воздушниот простор на другите земји преку постојните процедури и тоа затоа што конкретните земји не можат сами да го сторат тоа, што значи дека тие ни веруваат и веруваат во нашиот постојан став да придонесеме за мир во регионот. Со овој договор, Грција ја презема одговорноста и за воздушниот простор на Северна Македонија ", истакна Ригас.

Министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос, во вторникот откако се состана со Метју Нимиц, поранешен специјален претставник на Обединетите нации за решавање на спорот за името помеѓу Грција и Македонија, рече дека особено добар бил постигнатиот договор во делот на одбраната.

"Оваа посета беше правилно наречена историска. Не само што се потпишани договори, од кои некои се навистина важни, како што се оние за воена соработка. Грција ќе биде  одговорна за покривање на воениот воздушен простор на соседната земја со сопствени ресурси", потенцираше Катругалос.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил