Во Грција денеска само патници кои годинава веќе еднаш влегле
Објавено во: Мои пари 01 Март, 2013
Заради технички проблем во системот на граничните премини, од грчка страна, во текот на денов до пладневните часови на трите гранични премини со Грција за влез во оваа земја ќе се пропуштаат само возила и патници –македонски државјани кои претходно во текот на годинава оствариле влез со листови.
Како што соопшти денеска МВР, за излез од Грција и влез во Република Македонија нема да има никаков проблем.
За државјаните од други земји нема да има пречки за влез во Грција.