ВО ИГРА ВЛЕГУВА И ПЕТГОДИШНА ДРЖАВНА ОБВРЗНИЦА - нови владини задолжувања од 91 милиони евра
Објавено во: Финансии 12 Февруари, 2024
Нови задолжувања се случуваат на домашниот пазар, а во игра влегува и петгодишна државна обврзница.
Министерството за финансии издаде, а на Берзата од денеска котираат две нови државни хартии од вредност, односно државни обврзници, на вкупна сума од над 91 милиони евра.
Првата обврзница е петгодишна, што значи дека е издадена во февруари годинава, а треба да се вратат парите после пет години, односно во февруари 2029 година.
Оваа државна обврзница тежи близу 45 милиони евра. Станува збор за државна обврзница без девизна клаузула, а со оглед на помалиот рок за враќање на средствата, нејзината каматна стапка е 4,5 проценти.
Вториот вид на издадена обврзница е 15 годишна обврзница без девизна клаузула, а нејзината вкупна сума е 46 милиони евра. Со оглед на тоа што рокот на враќање е подолг, каматната стапка е повисока и изнесува 5,9 проценти.
Н.Н.Ф.