05 Декември, 2025
0.1957

Во Италија и Шпанија се одгледуваат две третини од доматите во ЕУ

Објавено во: Агробизнис, Свет 22 Јуни, 2016 20:53

Добивај вести на Viber

Италија и Шпанија се главните производители на домати во ЕУ во 2015 година, покажува статистиката на Еуростат за производство на овошје и зеленчук.

Лани речиси 2/3 од доматите на пазарот во ЕУ дошле од Италија (36,3% од вкупното производство, или 6,4 милиони тони) и Шпанија (27,4% или 4,8 милиони тони). Третото место го зазема Португалија  со 1,4 милиони тони, што претставува 8% од вкупното производство на домати во ЕУ.

Вкупно во ЕУ минатата година биле одгледани 17,6 милиони тони домати, 2,3 милиони тони краставици, 5,1 милиони тони моркови и 1,4 милиони тони тиквички.

Податоците на Еуростат покажуваат дека во 2015 година најголемиот производител на јаболка во ЕУ била Полска, каде што се произведени 3,1 милиони тони.  Тоа е 25% од вкупното производство во ЕУ. Понатаму, следат Италија  и Франција.

Шпанија, Италија и Грција се главните производители на праски во унијата, покажа статистика на Евростат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?