16 Декември, 2025
0.3661

Во израелски напад врз Газа убиени внуците на лидерот на Хамас

Објавено во: Свет 12 Јули, 2014 18:49

Добивај вести на Viber

Палестинските власти попладнево потврдија дека во израелски воздушен напад врз Појасот Газа се убиени два внуци на лидерот на Хамас Исмаил Ханије. Ханије и самиот ја објави нивната смрт на Твитер, наведувајќи дека израелски борбени авиони ја гаѓале куќата на неговата сестра. Од почетокот на најновиот циклус на насилство меѓу Израел и Хамас загинаа најмалку 121 Палестинец во Газа, а повеќе од 900 се повредени. Речиси 540 куќи се целосно уништени или оштетени во офанзивата која започна во вторникот. Израел најави дека ќе продолжи да гаѓа цели во Газа во следните 24 часа, а во меѓувреме спроведува подготовки и за копнена офанзива. На границата кон Појасот Газа стигнале неколку десетици израелски тенкови. Според информациите на израелската војска, од почетокот на операцијата „Заштитен раб“ во Газа биле погодени 1.160 цели на Хамас и Исламскиот џихад. Податоците на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и Обединетите нации, сепак сведочат дека најголем дел од загинатите во израелските воздушни напади се цивили.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“