ВО ЈУГОСЛАВИЈА СМЕ ИМАЛЕ ПОВИСОК СТАНДАРД ОД БУГАРИЈА, ПОЛСКА, ЧЕШКА: Koвачевски вети дека ќе работи за да имаме подобар стандард

Објавено во: Економија 26 Мај, 2023
Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја враќа економската моќ на Македонија од времето на Југославија, кога бевме пред Бугарија, Полска, Чешка.
Вели дека нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација и во тоа време сме имале повисок стандард и од Словачка и од Чешка, Романија, Полска, Бугарија и од сите други земји што станаа членки на ЕУ.
„Јас ќе ги донесам и ќе ги предводам сите потребни одлуки што ќе обезбедат граѓаните на Северна Македонија повторно да имаат поголем стандард од сите граѓаните од кои порано сме имале поголем стандард, бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат. На тој пат сметам и на поддршката на нашите стратегиски партнери, пред сѐ САД и земјите членки на ЕУ“, изјави премиерот Ковачевски на средбата со сенаторот Крис Марфи.
Рече дека силното партнерство со Америка се гледа и во економијата. Додава дека трговската размена со САД минатата година изнесувала четврт милијарда долари. Во моментов имаме 12 големи американски компании што доаѓаат и од САД, но и од Канада. Македонија последниве две години се соочува со висока инфлација.
Можеби ќе ве интересира
За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати
