(ВИДЕО) ВО ЈУГОЗАПАДНА ПОЛСКА: Четири мостови се урнаа поради надојдената вода
Објавено во: Свет 17 Септември, 2024
Во југозападниот дел на Полска, четири мостови се урнаа поради поплавите. Страшните податоци доаѓаат од малиот град Стронија Шлаские, каде живеат околу 5.000 луѓе.
Полскиот спортски коментатор Себастијан Шчесни (51), кој работи за Еуроспорт, пред 27 години одблиску гледал како поплава го уништила неговиот роден град. Сега повторно го живее истиот кошмар.
„Луѓето се очајни. Тие бараат информации за своите сакани преку пријателите и семејството. Се трудам да им помогнам на сите колку што можам. Се јавувам, пишувам пораки, но не може да се достават, нема сигнал во градот“, изјави тој во интервју за порталот Онет.
Извесна Ана одговорила на неговиот повик и пеш отишла до Чарна Гора, на девет километри од градот. Информациите беа вознемирувачки.
До градот се стигнува само по еден пат, од југозапад. Од петте моста останал само еден. Луѓето немаат струја, нема сигнал, дуќаните не се отворени. Нема леб во цела Клоѓска долина.
Коментаторот Шчесни (51) веднаш реагирал и почнал кампања за собирање средства за помош на жителите на неговиот роден град.
Циклонот Борис во четврток ќе ја зафати Италија. Бурата однесе над 17 жртви во неколку европски земји.
Unfortunately, some of the old hydraulic structures are not holding up.
This is Stronie Śląskie, Lower Silesia. An absolute nightmare. pic.twitter.com/76ixk7mJit
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.