18 Декември, 2025
0.1946

ВО ЈУЛИ ЛАНИ ГО ИЗВЕСТИВМЕ МВР ЗА СЛУЧАЈОТ СО НЕОСНОВАНИ ДАНОЧНИ ПОБАРУВАЊА - Лукаревска не коментира дали води до високи функционери на власта

Објавено во: Финансии 21 Мај, 2022 07:27

Добивај вести на Viber

Прашана дали случајот досега можеби требало да биде во истражна постапка со оглед на тоа дека се поминати 10 месеци од неговото откривање, Лукаревска во интервју за 360 степени рече дека станува збор за комплициран случај и дека таквите се подолги и пообемни за работа
На прашањето дали во случајот има линии што водат до високи функционери на власта, директорката на УЈП рече дека не може да коментира такво нешто.

„Јас сум горда на тоа што ние алармиравме веднаш штом ги откривме небулозните дејствија од страна на даночните обврзници, затоа не можам да дозволам да се кажува дека станува збор за скандал на УЈП, туку станува збор за скандал со незаконско работење на даночни обврзници што се сопственички поврзани и кои ги менаџира едно исто сметководствено биро“, изјави директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, одговарајќи на прашање за случајот со малверзации со ДДВ, кој во јавноста го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, со тврдење дека во него се инволвирани високи функционери од власта.

Велејќи дека не сака да и наштети на предистражната постапка што ја води обвинителството, Лукаревска не откри дали со овој случај државниот буџет е оштетен за 20 до 30 милиони евра, како што тврдеше опозицијата.

„Станува збор за неосновано даночно побарување, односно нешто што го попречува функционирањето на законот за данок на додадена вредност, во врска со законот за даночна постапка. Се уште не можеме да ја кажеме точната сума на пари, бидејќи откако го утврдивме овој сомнеж кој го имавме, веднаш ги преземавме сите дејствија кои ни се овозможени како инстутиција. На 21 јули лани го известивме МВР дека имаме вакви сомневања, а потоа во октомври доставивме уште еден допис за да ги наведеме сите поединости и за даночни обврзници и за дејствија кои се преземаат, какви чекори се прават и понатаму имавме уште едно надополнување на овие две барања“, изјави Лукаревска.

На прашањето дали овој случај досега можеби требало да биде во истражна постапка со оглед на тоа дека се поминати 10 месеци, Лукаревска вели дека станува збор за комплициран случај и дека таквите се подолги и пообемни за работа.

На прашањето дали во случајот има линии што водат до високи функционери на власта, директорката на УЈП рече дека не може да коментира такво нешто.

Извор и фото: 360 степени

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра