Во Јужна Кореја повеќе од половина веќе излекувани од корона вирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Март, 2020 10:44
Повеќе од половина од луѓето кои биле заразени со корона вирус во Јужна Кореја се опоравиле, велат бројките објавени од Центрите за контрола и превенција на болести објавени денеска.
Почнувајќи од полноќ во саботата, акумулираниот број на пациенти со КОВИД-19 изнесуваше 9.478 лица - од кои 4.811 биле целосно закрепнати, со 4.523 сеуште болни и 144 починати. Стапката на закрепнување е 50,8 проценти и стапката на смртност 1,52 проценти.
„Сега, има повеќе луѓе кои се опоравиле отколку што се болни“, рече Јон Тае-хо, генерален директор за јавна здравствена политика во Министерството за здравство и благосостојба, во брифинг.
„Сè уште имаме долг пат, но стапката на лекување од 50 проценти е мало нешто што можеме да го прославиме“, рече Јон.
Пикот дојде 68 дена откако земјата го пријави својот прв потврден случај на новиот коронавирус, кој за прв пат беше пронајден во соседна Кина.
Јужна Кореја забележа забавување на дневниот број нови инфекции од врвот од над 900 новозаболени во еден ден на крајот од февруари до околу 100 неодамна.
Од новите случаи, Даегу, јужниот град најтешко е погоден од вирусот и учествувал со скоро половина од новите случаи со 71 случаи вчера, додека 24 биле откриени за време на процесот на скрининг за инфекција на меѓународните пристигнувања.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!





