05 Декември, 2025
0.0505

Во Катастар „фрчат“ казни за пропаднатиот тендер за земјиштето во Центар

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2014 19:10

Добивај вести на Viber

Од 20 проценти казна на плата па до отказ од работа можат да заработат сите вработени во Агенцијата за катастар на недвижности кои биле инволвирани во пропустот со градежната парцела кај Народната банка. Директоро Славче Трпевски најавува дека ќе покрене дисциплинска постапка  против сите одговорни за погрешниот податок дека парцелата понудена на продажба е во целосна сопственост на Република Македонија. „Референтот кој го работел овој предмет направил превид и го консултирал само катастарскиот план, но не и имотниот лист. Кога го издал податокот навел дека целокупната градежна парцела и сите катастарски парцели од кои е сочинета се во сопственост на Република Македонија иако во имотните листови состојбата не била таква“, рече Трпевски, кој изрази жалење за пропустот.

Според него, превидот е отстранет и веќе се издадени точни податоци до Министерството за транспорт и врски, а дигитализацијата на катастарските планови која треба да заврши до крајот на годинава е клучна за во иднина да не се случуваат вакви грешки.

Согласно Законот за државни службеници, против сите за кои ќе се утврди дека имаат одговорност за овој случај ќе биде покрената дисциплинска постапка која може да резултира со казни - од 20 проценти од плата па до отказ од работа, вели Трпевски.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ја повика Агенцијата за катастар на недвижности да преземе соодветни мерки против вработените кои ја направиле грешката, бидејќи, како што рече, „не воведе во една непријатна ситуација и мене како ресорен министер, но пред се, Комисијата за јавни наддавања“.

Продажбата на државното земјиште во Маџир маало во Општина Центар, каде што требаше да се гради хотел во барок-стил, е поништена поради пропуст во Катастарот, откако било утврдено дека дел од земјиштето кое било огласено и лицитирано е во приватна сопственост на физички лица. Сопствениците самите се јавиле во Министерството и понудиле докази дека имотот им бил вратен со денационализација.

Ова градежна парцела на тендерот минатата недела ја купи единствениот понудувач – Друштвото за трговија промет и услуги „Амадеус Стоун ДООЕЛ“ од Скопје, а продажбата предизвика реакции во јавноста поради ниската постигната цена од 71 денар за квадратен метар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“