26 Јуни, 2024
0.0260

Во Кина продаваат имоти за да ги покријат загубите на берзата

Објавено во: Свет 12 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Драстичниот пад на кинескиот пазар изгледа се шири на пазарот на недвижности во земјата. Инвеститорите брзаат да ги продадат куќите кои ги поседуваат или се откажуваат од купување на нов имот, за да ги покријат реализираните загуби од инвестициите во акции, објавија локалните медиуми, пренесува CNBC.

На пазарот се појавуваат се повеќе станови и вили, бидејќи инвеститорите се обидуваат да ги компензираат загубите, реализирани на берзата, така што го продаваат имотот. Тоа го соопштија неколку агенции за недвижности, со седиште во Шангај, пренесе China Daily.

Цуеи Аидзон, брокер на имот во Shanghai Junda Property Services, наведува дека четворица од неговите клиенти ги продале своите домови итно откако реализирале загуби на берзата, соопшти државниот весник.

Во последните денови има изгледи дека стабилноста се враќа на кинескиот пазар по долгиот пад. Индексот Shanghai Composite загуби 25% во изминатиот месец, а Shenzhen Composite реализира уште поголеми загуби, кога забележа загуба 30% од својата вредност.

"Имаше инвеститори кои продаваа акции, за да купат имот во март и април. Но сега гледаме луѓе кои ги продаваат своите имоти, за да ги покријат загубите, реализирани на берзата ", изјави Цуеи пред China Daily.

Брзајќи да се спасат од својот имот, продавачите ги нудат по цена од 10% под пазарната, пишува уште весникот и дава за пример вила во Шангајскиот луксузен кварт Pudong New Area која се продава по цена од 17 милиони јуани (2,74 милиони . долари), доста поевтини од останатите вили во регионот, чија цена е 19 милиони јуани.

Овие настани доаѓаат токму кога кинескиот пазар на недвижности почна да закрепнува. Просечната цена за домување се зголеми за 0,56% во јуни во однос на месец порано според истражувањето на China Index Academy, која вклучува 100 градови. Во мај растот бил 0,45%.

Владата доби поддршка за секторот на крајот на март, претставувајќи мерки кои ќе активираат купување на станови, вклучувајќи го намалувањето на аванс за втор дом и намалување до две години на периодот во кој продавачот мора да бил сопственик на живеалиштето, за да избегне плаќање на данок, потсетува CNBC.

Ваквата состојба на берзата би можела да има долготраен ефект врз пазарот на недвижности, смета Дејвид Цуеи, раководител во Bank of America-Merrill.

Големо прашање е колку точно позајмици презеле инвеститорите, користејќи за дополнителна гаранција недвижности. На 5 јули кинескиот регулатор на хартии од вредност објави дека имотот се прифаќа како дополнителна гаранција за маргина на тргување.

Можеби ќе ве интересира

СЗО: Скоро 2 милијарди луѓе се изложени на ризик од болести поради недоволна физичка активност

СЗО: Скоро 2 милијарди луѓе се изложени на ризик од болести поради недоволна физичка активност

(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН НАСТАН ВО АВСТРАЛИЈА: Маж со голи раце ја врати ајкулата во океанот

(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН НАСТАН ВО АВСТРАЛИЈА: Маж со голи раце ја врати ајкулата во океанот

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија