Во ковид-центрите во државата има 194 хоспитализирани пациенти
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Мај, 2021
Бројот на хоспитализирани со коронавирусот падна под 200.
Во ковид-центрите во државата има 194 пациенти и има околу 530 празни болнички кревети, објави денеска Министерството за здравство (МЗ). На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 123 пациенти сомнителни и потврдени за ковид-19, а во Скопје се лекува 71 лице. За 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени пет нови пациенти.
За едно деноноќие во Македонија има 3 нови случаи на коронавирусот, и 5 починати.Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).
Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.