Во Куманово одземени 35 тона неквалитетно вештачко ѓубриво
Објавено во: Агробизнис 29 Јануари, 2013
Вкупно 35.000 килограми вештачко ѓубриво произведено од фирмата "Азохем", Суботица заплени денеска Државниот инспекторат за земјоделство во кумановската населба „Карпош".
По извршените лабараториски анализи Државниот инспекторат утврдил дека ѓубривото увезено од српската фирма не соодвествува со пропишаната декларација и дека не ги задоволува пропишаните стандарди.
- При контрола на теренот зедовме мостри кои ги пративме на анализа во лабораториите и добивме резултати кои остапуваат од 50 до 70 отсто од квалитативните својства и од она што е декларирано. Во конкретниов случај, станува збор за "НПК ѓубриво", декларирано е со три петнаестки, а анализите покажаа дека азот има 7, фософр 9,28 и калиум 6,80. По правилникот е дозволено остапување од 1,5 отсто од декларираните својства, изјави директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов.
Вештачкото ѓубриво согласно законските прописи ќе биде предадено на Агенцијата за одземен имот.
- Остануваме посветено да ја извршуваме нашата должност за да на нашиот пазар има стока со добар квалитет, додаде Стаменов.
Увозници се македонски компании, при што изречени се казнени мерки на три компании во висина од 15.400 евра. За главниот увозник, како инспекторат ќе биде побарана забрана за вршење дејност, појасни Стаменов,кој не прецизира кои се компнаиите затоа што и тие не знаеле што купуваат. Тој најави дека за случајот ќе ги известат и органите на Србија.
Земјоделците, пак, кои поседуваат фискална сметка дека купиле ѓубриво може да побараат оштета од команиите увозници
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.