ВО КУМАНОВО СЕ БАРА МАСКА ПОВЕЌЕ: Шивачките се фатија за работа за да помогнат
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020
Откако опасниот коронавирус се прошири во Куманово, се бара и маска повеќе.
На улиците многу ретко се случува да се сретне граѓанин кој не носи маска. Освен што можат да се купат во аптеки, маски нудат и жени кои дома ги шијат, а потоа ги продаваат на граѓаните по нарачка.
„Поради настанатата ситуација (ние занаетчиите кои досега шиевме и нудевме производи, од типот свечени фустани и венчаници, за свадби и други свечености), решив да шијам маски за заштита од платно. Цената не ја ставив за да печалам, туку да биде прифатливо, а мене трудот и вложениот материјал да ми се исплати, и секако тука е струјата, киријата, репроматеријалот. Продадов околу 1.000 парчиња, од кои 500 ми беа по набавна цена кои беа донирани од здружение на угостители од Куманово. Се молам што побрзо да заврши оваа ситуација и напнатост меѓу луѓето, и пак да продолжиме со секојдневните навики и живот“, вели Фросина Митевска, шивачка од Куманово.
Во овој период, повеќе се гледа хуманиот аспект на оваа работа, отколку профитот.
„Јас сошив околу 500 маски за без пари, а другите ги продавав по 40 денари. Во овој период сега немам работа, веќе не бараат луѓето“, додава друга шивачка.
Куманово викендот го помина во карантин, за да се спречи ширењето на заразата.
Бројот на заразени се зголеми за брзо време, при што се зарази и медицински персонал во болницата.
Дел од заболените на социјалните мрежи информира дека имале позитивен тест, со цел и оние кои имале контакт со нив да побараат помош доколку почувствуваат симптоми.
Градот е со прекинати сообраќајни врски, а досега неколку кумановци починаа од Ковид 19.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.