Во Мадрид повредени 45 луѓе
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2013 18:43
Четириесет и пет луѓе, меѓу кои и 12 полицајци се повредени во синоќешните немири во Мадрид по демонстрациите против економската политика на Владата. Полицијата соопшти дека се уапсени 40 луѓе.
Демонстрациите синоќа поминаа мирно, но радикалните учесници почнаа да палат автомобили и контејнери за отпад и да ги фрлаат столовите и масите од уличните кафулина. Поради тоа полицијата употреби сила.
Повеќе десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на шпанските градови во знак на протест против економската политика, политичката корупција, строгите мерки за штедење и приватизацијата на јавните служби.
На синоќешните демонстрации учествуваа студенти, лекари, пензионери и други групи засегнати од мерките на Владата, кои од различни краишта на престолнината се собраа на Сквер Нептун.
Тие носеа пароли на кои се осудуваат и кастрењата на придонесите за здравство. Демонстрантите извикуваа пароли и свиркааа, а полицијата мирно стоеше на страна.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој воведе најголеми кастрења на буџетот во шпанската демократска историја, обидувајќи се да ги убеди инвеститорите дека Шпанија може да се извлече од кризата без меѓународна помош.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина





