Во Македонија бројот на активни случаи на коронавирусот изнесува 221
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Јули, 2021
Во земјава бројот на активни случаи на коронавирусот изнесува 221.
По 1 случај има во Берово, Свети Николе, Кочани и Гевгелија. Битола и Прилеп имаат по 2 случаи, а по 3 има во Дебар, Струмица и Штип, додека по 4 случаи има во Охрид и Струга. Кичево има 6, Куманово 13, а Гостивар 14 активни случаи на коронавирусот.
Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Од новозаболените од Скопје се четворица, Тетово исто така четворица, а од Кичево еден.
Регистрирани сe 53 оздравени пациенти, а нема починати пациенти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.