19 Декември, 2025
0.0588

Во Македонија цвета трговијата со луѓе

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2014 19:30

Добивај вести на Viber

15 девојки на возраст од 13 до 22 години , биле жртви на трговија со луѓе во текот на минатата година. Од нив девет се малолетни, а шест полнолетни жртви,  ова го покажува годишниот извештај на Националниот известувач за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија. При трговијата со луѓе најзастапена е сексуaлната експлоатација, двојна-сексуална и трудова експолатација. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска посочи дека жените се најчести жртви на трговија со луѓе тие најчесто се од македонска, албанска и ромска националност, со  средно, основно или без никакво образование и истите речиси по правило потекнуваат од дисфукционлани смејства. -Секторот за трговија со луѓе и илегална миграција има поднесено кривични пријави против 8 лица, од кои двајца се полициски службеници, а од страна на Основниот суд Скопје 1 постапувано е по 54 предмети во кои се обвинети 85 лица, а изречена е казна затвор за 82 лица од 6 месеци до 10 години, а условно се казнети две лица, соопшти Јанкулоска. Јанкулоска истакна и дека минатата година се идентификувани уште 82 потенцијални жртви на трговија со луѓе. -Во текот на минатата година покрај фактот што е обезбедено сместување и поддршка за 9 лица жртви на трговија со луѓе, истовремено беше обезбедена и стручна помош и советување, специјализирани прегледи, соодветни лекарства и вклучување на жртвите во образовниот процес, истакна Јанкулоска, потенцирајќи дека истата грижа и третман го добиле и странските државјани кои биле жртви на трговија со луѓе и дека истите биле згрижени во прифатниот центар за странци. Таа додаде дека се добиени и оштетни побарувања за 4 жртви, во износ од 400.000 денари за секоја жртва.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии